М-р Владимир Десков со изложбата Скопје- Архитектурата во македонски контекст во Виена

Архитектонското наследство во Скопје во периодот од 1945 до 1991 година е тема на изложбата „Скопје- Архитектурата во македонски контекст“ , која синоќа се отвори во виенската галерија „Рингтурм“. Автори на изложбата се архитектите Владимир Десков, Ана Ивановска- Дескова и Јован Ивановски.
Австриско-македонскиот проект се реализира на покана од архитектот Адолф Штилер, долгогодишен куратор во престижната галерија.

Авторите велат дека побудениот интерес за модерната архитектура на Скопје доаѓа по периодот кога вниманието на домашната и на светската јавност е насочено пред сè кон контроверзниот проект „Скопје 2014“. На сајтот на галеријата е наведено дека изложбата е поделена на два дела „Скопје од 1945 до 1963 година“ и „Скопје од 1963 до 1991 година“.

Истата беше отворена од страна на Министерот за Култура на РМ и потоа објавена на реномирани архитектонски портали во Виена.

Повеќе информации за изложбата може да погледнете на следните линкови:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1645762135474219&id=110288502354931

http://www.vig.com/de/presse/architektur-im-ringturm/detail/terminvorschau-skopje-architektur-im-mazedonischen-kontext.html

http://kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/novosti/3103-2017-10-12-10-24-17

http://www.baunetz.de/mobil/meldung.html?cid=5196263

 

Similar Posts