Проф. Димитрова на ЦЕЕПУС размена во Опатија

 

Проф. Македонка Димитрова, наставник на УАКС, е во посета на Факултетот за Туризам и Угостителски Менаџмент во Опатија, Универзитетот на Ријека. Ова е втора година по ред каде што професор од УАКС ја посетува оваа институција како дел од ЦЕЕПУС програмата. Проф. Димитрова се состана со проф. Вања Витезич, професор по претприемништво и проф. д-р Горан Каранович, ЕРАСМУС координатор, при што дискутираа за можностите за заедничко истражување во областа на претприемништвото и иновациите.

Проф. Димитрова одржа предавање на тема Иновации во угостителската индустрија за студентите на додипломски студии и ги советување студентите на постдипломски студии за потенцијални истражувања во областа на претприемништвото.

Similar Posts