Проф. д-р Алисон Лонг од Универзитетот во Кил одржа отворено предавање за студентите на УАКС

Др. Лонг го има стекнато својот докторат од Универзитетот Сури во Обединетото Кралство во 2010та година. Таа во моментов е програмски директор за модерни јазици на Универзитетот Кил во Англија, кој што нуди часови на 8 јазици кои студентите може да ги изучуваат како дел од нивните академски програми. Воедно, таа е и лингвистички и логистички координатор на Британската Асоцијација на славонски и источно-европски студии (BASEES) последните 4 години. Она што е занимливо е дека токму преку оваа функција, таа била вклучена во креирање на јазик за играна серија на каналот BBC која ќе се емитува во рана 2018та година.

Од 10ти до 16ти декември 2017, Др. Лонг ќе биде визитинг професор на Факултетот за странски јазици при УАКС, како дел од договорот за соработка склучен помеѓу УАКС и Универзитето Кил преку Ерамус+ програмата.

Таа одржа отворено предавање за сите заинтересирани студенти на темата “Англиска синтакса: Промени и проблеми за изучувачи на јазикот“

Англиската синтакса знае да предизвика значителни проблеми за изучувачите на втор јазик, и притоа др. Лонг се фокусираше на некои од најкомплицираните аспекти за совладување како и начини на кои ти можат да се надминат.

 

Similar Posts