Проф. д-р Зоран Шапуриќ на осмата по ред меѓународна конференција за екосистеми
Проф. д-р Зоран Шапуриќ, дел од наставниот кадар на Факултетот за политички науки при УАКС, учествуваше на осмата по ред меѓународна конференција за екосистеми (8th International Conference of Ecosystems – ICE2018), која се одржа во периодот од 4 до 6 јули 2018 година, во Тирана, Албанија.
Тој го презентираше својот научно-истражувачки труд, со наслов: „Имплементација на регулатива и стандарди на квалитет на амбиенталниот водух на Европската Унија во Македонија“. Воедно, проф. д-р Шапуриќ имаше свое обраќање на отворањето на конференцијата, и претседаваше со една од пленарните сесии.