Проф. д-р Зоран Шапуриќ презентираше научно-истражувачки труд на 1-та меѓународна конференција за одржлив развој
Проф. д-р Зоран Шапуриќ учествуваше на 1-та меѓународна конференција за одржлив развој насловена „Одржлив развој во Западен Балкан: пристапи, недостатоци и предизвици“ (‘Sustainable Development in the Western Balkans: approaches, short-comings and challenges’). На втората сесија на конференцијата: Екологија и просторно планирање, тој го презентираше својот научно-истражувачки труд насловен ‘Implementation of EU Ambient Air Quality Legislation in Macedonia’.
Конференцијата беше организирана од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и се одржа во периодот 27-28 октомври 2017 година во Скопје.