Во рамки на предметот Бизнис Етика предводен од вон. проф. д-р Владимир Наумовски, беше одржано предавање од страна на гостин-предавач проф. д-р Трајче Стафилов, истакнат стручњак и избран експерт од страна на Обединети Нации на темата „Резултати од мерење на загаденоста на почвата во РМ“. Ова предавање беше исклучително корисно за студентите, бидејќи тие имаа можност одблизу да ги запознаат проблемите, но и практичните примери за сведување на загадувањето на минимум. На овој начин, тие имаа можност да ја подигнат сопствената свест за околината и воедно да се едуцираат околу начини за нејзино зачувување со цел да ја остават чиста и безбедна за генерациите кои доаѓаат.