Ректорот на УАКС учествуваше во работилницата за реформи во сметководственото образование организирана од Светската банка во Скопје

Ректорот на УАКС, проф. д-р Марјан Бојаџиев, беше еден од учесниците во панелот на работилницата организирана од Центарот за реформи во сметководственото образование при канцеларијата на Светската банка во Скопје. Работилницата насловена: „Подигнување високи стандарди во сметководственото образование: споделување на добри практики и можности за реформи“ се одржа на 27 јуни 2017 година (вторник), во „Воденица Мулино“ во Скопје.

Модератор на настанот беше г-ѓа Калина Шукарова-Савовска, сениор референт во Светската банка. Воведните обраќања беа одржани од страна на Н.Е. Д-р Драган Тевдовски, министер за финансии на Република Македонија и г-дин Марко Мантованели, директор на Канцеларијата на Светска банка во Скопје, регион на Европа и Централна Азија.

Работилницата беше посетена од истакнати професионалци во областа на сметководството, ревизијата и финансискиот менаџмент од врвни институции од Македонија. Дел од учесниците беа г-дин Борислав Атанасовски, претседател на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ), г-а Ленче Папазовска, претседател на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС), како и голем дел на претставници од Министерството за финансии на Република Македонија и Министерството за образование и наука на Република Македонија.

 

 

Similar Posts