Ректорот на УАКС учествуваше на 2-та Работилница за истражување на семејни бизниси во Валмаленко
Ректорот на УАКС, проф. д-р Марјан И. Бојаџиев, беше еден од клучните учесници на 2-та Работилница за истражување на семејни бизниси во Валмаленко. Главната тема на овогодинешната работилница беше: ‘Семеен бизнис: формирање на агенда за истражување’, а истата се одржа во периодот од 20-23 јули 2017 година, во Чизе ди Валмаленко во Сондрија, Италија.
Модератори на работилницата беа професори од Универзитетот „Тор Вергата“ во Рим и Универзитетот на Источен Пиемонт.
Воедно, овој настан претставуваше можност за зајакнување на нововоспоставената соработка во насока на нудење на двојна диплома меѓу Универзитетот Американ Колеџ Скопје и Универзитетот „Тор Вергата“ во Рим.
Проф. д-р Марјан И. Бојаџиев, заедно со проф. Лука Гнан (професор по предметот ‘Организациско однесување’ и ‘Семеен бизнис’ на Универзитетот „Тор Вергата“) и проф. Лукреција Соњини (директор на Интеруниверзитетскиот центар за студии во областа на семеен бизнис при Универзитетот на Источен Пиемонт), менторираа докторанти во процесот на развој на нивниот предлог за истражување.