Светскиот првак во маратонско пливање – Томи Стефановски, гостин предавач на УАКС

Почитувани студенти, професори и сите заинтересирани!

Во време на предизвици за сеопштото здравје а особено за менталното, спортот и здравиот начин на живот се најдобрите бедеми во одбрана на истото. Искуствата на еден врвен спортист се незаменливо четиво за тоа како да се бориме со сите предизвици на современиот живот!

На ден 03.12.2020 година (Четврток) со почеток во 9.30 часот, гостин на тема – “МЕНТАЛНАТА СТАБИЛНОСТ И ЦВРСТИНА – ЕДИНСТВЕНИОТ НАЧИН ДА СЕ ПОБЕДИ ВОДАТА! (од искуствата на еден маратонски пливач) ”, ќе биде легендата на македонското и светското маратонско пливање и член на куќата на славните, Томи Стефановски. Гостувањето е од предметот СПОРТСКА ПСИХОЛОГИЈА и е задолжително за студентите по психологија при УАКС а поканети и добредојдени се сите други студенти, професори како и заинтересирани за областа.

Линк до настанот:

https://uacs.webex.com/uacs/j.php?MTID=mdbf15d670f484a142dfd7961ffde22b8

Фацилитатор на гостувањето ќе биде професор Мирослав Пендароски од катедрата за психологија при УАКС.

Ве очекуваме!

Similar Posts