Симулација на локални избори на Факултетот за политички науки
На 13 март 2019 година, студентите од правни и политички науки од Универзитетот Американ колеџ Скопје, кои ја следат наставата по предметот Регионална автономија и локална самоуправа, во просториите на ЗЕЛС изведоа практична вежба – симулираа локални избори, односно избираа градоначалник, од двајца кандидати, и 5 члена на општински совет од 10 кандидати. Вежбата помина оддлично, студентите беа многу инвентивни, избраа советници, но изборот на градоначалник ќе мора да се реши во втор круг, поради изедначен број на гласови.