СООПШТЕНИЕ

Во рамки на препораките од Министерството за здравство на РСМ, како и имајќи ја предвид грижата за сите студенти и вработени на Универзитет Американ Колеџ Скопје, ве известуваме дека нема да се одржува настава на додипломски студии и на постдипломски студии на Факултетот за Архитектура и Дизајн во периодот од 11.03.2020 г. до 22.03.2020 г. 

Наставата на постдипломски студии за останатите факултети ќе се изведува по пат на далечинско учење, преку video conferencing.

Колоквиумската недела ќе се одржи во периодот од 23.03.2020 г. до 27.03.2020 г. со примена на посебни мерки за безбедност, како и со распоред за седење во текот на испитите кој ќе овозможи растоание меѓу студентите од 1m минимум.

Се замолуваат сите студенти да ги подигнат потребните книги и материјали од библиотеката на УАКС заклучно со 13.03.2020 г. (петок) во периодот од 11 до 12 часот.

Во овој период се откажуваат сите други настани организирани на УАКС (состаноци, презентации, конференции, промоции, и сл.). Закажаните одбрани на дипломски, специјалистички  и магистерски трудови ќе се одржат во најтесен состав, со почитување на мерки на санитарна претпазливост.

Сите студенти и надворешни соработници на УАКС кои патувале или имаат членови од семејството кои патувале надвор од државата, да испратат известување и да бидат во изолација најмалку 14 дена.

Ова Соопштение може да претрпи измени соодветно на актуелната состојба во земјата, како и според инструкциите на Министерството за здравство на РСМ.

Со почит,

Ректорска Управа при УАКС

Similar Posts