Софка Муфишовска како гостин-предавач по предметот деловен англиски јазик на постдипломски студии
На 23 ноември 2017 година, студентите на постдипломски студии кои го слушаат предметот деловен англиски јазик со предметниот наставник, вон. проф. д-р Марјана Ванева, беа домаќини на гостин-предавач од деловната заедница, г-ца Софка Муфишовска. Таа има стекнато диплома по меѓународни односи и дипломатија во Холандија, потоа била практикант во Амбасадата на Кралството Холандија и има работено во банка, пред да ги замени нејзините можности за просперитет со завршеното образование со семејниот бизнис на нејзините родители. Притоа, таа успеала да се пронајде себеси работејќи во ланец на ресторани, кои нејзиното семејство ги поседува во Скопје.
Г-ца Муфишовска зборуваше со постдипломците за предизвиците со кои таа се соочува во оваа работа, предизвиците со кои таа и нејзиното семејство постојано се соочуваат, но исто така и за нејзината голема љубов кон она што го работи. Таа е одговорна за канцелариската работа во нејзината компанија и ги надгледува секојдневните активности. Притоа, со студентите, таа го сподели своето добро и лошо искуство. Сепак, таа никогаш не се двоумела за избирање на нејзината сегашна работа.
Студентите го слушаат предметот деловен англиски јазик како прв предмет од нивната програма за постдипломски студии. Тие активно учествуваа во дискусијата и поставуваа прашања.