Стареење, деменција и улогата на психологот во клиниките за проблеми со меморијата
На 29 ноември 2017 година, проф. д-р Елизабета Мукаетова-Ладински, раководител за геронтопсихијатрија на Катедрата за невролошки студии, психологија и однесување при Универзитетот Лестер во Велика Британија и визитинг-професор на УАКС, одржа предавање на тема „Стареење, деменција и улогата на психологот во клиника за проблеми со меморијата“ за додипломските студенти од УАКС што студираат психологија. Тие имаа можност да научат за дијагностицирањето и третманот на различните видови деменција, како и за посебните задачи што ги извршува психологот како дел од тимот во британските клиники за проблеми со меморијата.