Стопанска банка АД Скопје вработува пред дипломирање!

Драги студенти,

Стопанска банка АД Скопје како партнер од доверба на своите клиенти  кој стреми кон нивен растеж задоволувајќи ги нивните потреби на лесен и брз начин, особена важност придава кон создавање на позитивно работно окружување на своите вработени.

За да станете дел од тимот на СТБ потребно е да сте дипломирани или пред крај со дипломски или после дипломски студии, со желба за градење кариера во банкарскиот сектор и идентификување со банката лидер на нашиот пазар.

Доколку се сметате себеси за амбициозна , мотивирана личност, проактивна  и енергична, одличен тимски играч со способност за делување индивидуално кога ќе се укаже прилика, Ве покануваме да им испратите Ваша биографија на human.resources@stb.com.mk со цел шанса за вработување во една од најголемите банки во земјата. Со среќа!

Similar Posts