Студентите истражуваат за Наполеон во Францускиот културен центар
Студенти од Факултетот за политички науки и од психологија при УАКС, кои го слушаат предметот Модерна Европа кај проф. д-р Иван Додовски, го посетија Францускиот културен центар во Скопје на 9 октомври 2017 година. Тие имаа можност да разгледаат различни ресурси за Француската револуција и за Наполеон Бонапарта, во рамките на нивната истражувачка задача поврзана со политичките и културните наследства на Европа. Исто така, студентите беа поздравени од тимот на Фанцускиот институт и слушнаа за можностите да го изучуваат францускиот јазик и да го продолжат своето образование во Франција.