Енергетска ефикасност и одржлив развој: иновативни решенија на студентите на УАКС


Деновиве, студентите на Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС беа дел од Седмата студентска конференција на тема „Енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР“. Конференцијата се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и на неа учествуваа голем број студенти од повеќе земји.

Во текот на конференцијата, студентите на Универзитет Американ Колеџ Скопје беа дел од работилница за енергетска ефикасност и одржлив развој, при што работеа на развивање конкретни идеи, иновации и деловни решенија на темата.

Ментори на оваа работилница беа и професорите од УАКС – Елена Бундалевска, Снежана Христова и Димитар Ковачевски. Конференцијата беше поддржана од American Chamber of Commerce in Macedonia и од Град Скопје.

Similar Posts