Студентите на УАКС во посета на депонијата „Дрисла”
На 28 февруари (вторник) 2017 година, студентите на Факултетот за правни науки при УАКС, кои следат настава по предметот Екологија и одржлив развој со предметниот наставник, проф. д-р Зоран Шапуриќ, беа во посета на депонијата „Дрисла” во Скопје.
За време на посетата на депонијата, студентите имаа можност да се запознаат со третманот на комуналниот отпад, на медицинскиот отпад и на отпадот од азбест, како и со деталните процеси на управувањето со отпадот во депонијата.
Исто така, студентите имаа можност да се запознаат со идните планови на странскиот инвеститор, FCL Ambiente од Италија, кој говореше за инвестициите во областа на модернизација на менаџирањето со отпадот во депонијата.