Студентите на УАКС во посета на компанијата Iute Credit Macedonia

Студентите на УАКС остварија посета на компанијата Iute Credit Macedonia, во рамките на предметот „Основи на проектно работење и управување со операции“ и имаа одлична можност да добијат сознанија во врска со операциите и активностите кои се изведуваат во компанијата, на дневна основа.

Дополнително, од страна на Комерцијалниот директор беа споделени искуствата од реализацијата на најновиот проект во компанијата и за време на посетата, студентите имаа можност преку отворена дискусија да поставуваат прашања поврзани со предизвиците и ризиците во работењето во областа на финтек индустријата. Посетата на студентите во компанијата Iute Credit може да се оцени како исклучително конструктивна и во целост, едукативна.

Similar Posts