Студентите на УАКС во посета на Собранието на Република Македонија
На 4 април 2018 година, студенти по деловна економија и организациони науки и политички науки од УАКС, кои го слушаат предметот Социологија кај експертот од практика, д-р Сашо Орданоски, го посетија Собранието на Република Македонија. Тие имаа кратка прошетка низ просториите на Собранието, и има можност да учат за историја, политички системи, парламентарни практики и други интересни теми.
Воедно, за време на посетата, тие имаа можност да присуствуваат на продолжението на 40. седница на Собранието на Република Македонија.