Студентите на УАКС се подготвуваат за Неделата за отпочнување на бизниси 2018
Студентите се подготвуваат за Неделата за отпочнување на бизниси на УАКС во 2018 година.
Предизвик со шпагети (Spaghetti Challenge): ограничени ресурси, различен пристап за решавање на проблеми и различни дизајни. Кој ќе ја изгради највисоката Ајфелова кула?
Тема на денешното предавање – биди креативен, разбуди го детето во себе и размислувај надвор од рамката.
Студентите од Факултетот за компјутерска техника и информатика, Факултетот за политички науки и Факултетот за странски јазици се обврзаа на овој предизвик.
На сопствена иницијатива, тие продолжија со предизвикот, преку генерирање на бизнис идеи за користење на пластични капачиња, собрани од компанијата Пакомак.