Студентите на УАКС се соочија со корупцијата и коруптивното однесување во државата
Денеска, во просториите на УАКС се организираше настанот “Кој сака да биде Корупционер”. Настанот е во рамките на проектот „ЗдравоЗаГотово“ во организација на Центарот за социјални иновации Blink 42-21, ELSA North Macedonia (Европско здружение на студенти по право) во соработка со УАКС.
Студентите, професорите, асистентите и останатите претставници во високото образование имаат можност преку дигитална симулациска игра „Кој сака да биде корупционер“ да се соочат со корупцијата и коруптивното однесување во државата.
Дополнително, свое излагање на темата имаа и проф. д-р. Елеонора Серафимовска и проф. д-р Гордан Калајџиев. По завршувањето на предавањата на тема Корупција, следуваше отворена дискусија со присутните.