Студентите на УАКС ФПН во посетa на „Когниција“ – Центар за невропсихологија, психотерапија и психологија
УАКС студентите на ФПН и психологија во вторник на 22 декември 2019 година, го посетија центарот „Когниција“ – Центар за невропсихологија, психотерапија и психологија, предводен од Тина Васков, психолог и магистер по клиничка невропсихологија.
Студентите на психологија кои ги следат предметите Здравствена и клиничка психологија и Детска и адолесцентна психологија кај Доцент д-р Димитринка Јрданова Пешевска имаа одлична можност да ги следат презентациите поврзани со прашања од клиничката невропсихологија и интернет зависноста кај адолесцентите. Тие се запознаа со основните тестови и инструменти кои се применуваат во клиничката невропсихологија и дискутираа за третманот и рехабилитацијата на пациентите со невропсихолошки проблеми и адолесценти со проблеми од интернет зависност.