Студентите на ФАД при УАКС во посета на Музејот на современа уметност

Студентите од прва година додипломски студии на Факултетот за архитектура и дизајн при УАКС, во рамките на предметот Визуелно изразување 2 присуствуваа на организирана посета и предавање во Музејот на современа уметност во Скопје, при што ги посетија актуелните три изложби; Објект-павиљон на Македонскиот претставник на Венецијанското биенале на архитектура 2016, Основоположниците на македонската модерна уметност и Скулптури од колекцијата на на Музејот на современа уметност.

 

Предавање одржа архитект Иван Симеонов од архитектонското студио Stone Design – Скопје, авторите кои ја претставуваа Република Македонија на последното биенале на архитектура во Венеција.

 

Свое обраќање кон студентите имаа и проф. д-р Мишко Ралев, проф. м-р Викторија Еремеева-Наумовска за архитектонските аспекти во периодот на Модерната уметност.
Проф. д-р Тони Васиќ, доц. д-р Љупчо Јованов и ас. Мартин Деловски зборуваа за македонската уметност во контекст на актуелните изложбени поставки во музејот.

 

IMAG0100IMAG0075

 

Similar Posts