Студентите на Факултетот за правни науки при УАКС во посета на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС)
На 27 април (чеврток) 2017 година, студентите на Факултетот за правни науки при УАКС, кои посетуваат настава по предмети кај проф. д-р Зоран Шапуриќ и доц. д-р Марина Андева, ја посетија Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС).
Студентите имаа можност да се запознаат со работата на ЗЕЛС и да стекнат повеќе знаења за развојот на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија.
Директорката, г-ѓа Душица Перишиќ ги презентираше активностите на ЗЕЛС кои се насочени кон подобрување на работењето на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија.
ЗЕЛС е непрофитна организација и единствена национална асоцијација во која доброволно членуваат сите општини во Република Македонија.