Студентите на ФДЕИОН и ФПРН при УАКС во посета на седиштето на град Скопје
На 16 февруари 2017 година, студентите од Факултетот за деловна економија и организациони науки и Факултетот за правни науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје, во рамките на наставата по предметот Структури и институции на ЕУ со предметниот наставник, проф. д-р Зоран Шапуриќ, беа во посета на седиштето на град Скопје.
За време на посетата, студентите имаа чест да остварат средба со раководителот на секторот за меѓународна соработка на град Скопје, г-динот Ловрен Маркиќ. Tој ги информираше студентите за работењето во делот на претпристапните фондови на ЕУ, како и работата со другите активности на градот Скопје во рамките на институциите и организационите мрежи на Европската унија.
Воедно, за време на посетата, студентите имаа можност да се запознаат и со останатите раководители на секторите на град Скопје, како и да присуствуаат на пленарната седница на советот на град Скопје.