Студентите на ФПН при УАКС следеа презентација за Hatch Act

На 1 март 2017 година, студентите на Факултетот за политички науки при УАКС кои што следат настава по предметот Административно право и јавна администрација со предметниот наставник, доц. д-р Марина Андева, имаа единствена можност да присуствуваат на презентација за законот во САД кое го одредува и регулира политичкото делување на вработените на јавната администрација (U.S. Hatch Act).

Презентацијата ја одржа г-ца Ана Галиндо-Мароне, раководител на секторот за овој закон при канцеларијата на Специјалниот совет на САД. Презентацијата се одржа во просториите на Американското катче во Скопје.

Г-ца Ана Галиндо-Мароне го претстави владеењето на правото и управувањето согласно законот кој го одредува и регулира политичкото делување на вработените на јавната администрација, воведен од страна на Конгресот на САД во 1938 година, и го објасни начинот на кој што законот ги спречува политичките активности. Воедно, таа говореше за причините поради кои овој закон бил усвоен, и дискутираше за активностите на канцеларијата на Специјалниот совет, како независно тело од Владата на САД.

Similar Posts