Студентите од Факултетот за странски јазици во посета на Американското катче во Скопје
На 14 ноември 2017 година, во рамки на предавањето по предметот вовед во лингвистика, студентите од Факултетот за странски јазици придружувани од предметниот наставник – вон. проф. д-р Марјана Ванева, ги посетија просториите на Американското катче во Скопје. Вработените во катчето им ја претставија институцијата на студентите, ги информираа за нивните активности и работата на седмично и месечно ниво. Воедно, за време на посетата, студентите се запознаа со Центарот за ресурси на катчето, кој што обезбедува книги, весници и списанија, кои се од нивен интерес. Литературата која што студентите можат да ја најдат во катчето ќе им помогне да го подобрат читањето како една од јазичните вештини, и притоа да го подобрат своето ниво на познавање на англискиот јазик.
Во вториот дел од посетата, свое обраќање пред студентите од ФСЈ имаше стипендист од програмата „Фулбрајт“, г-ца Кејт Бергум, која академската година ја поминува во Македонија како асистент по англиски јазик на државниот универзитет во Скопје. Таа го предава предметот пишување на студентите од катедрата по англиски јазик. Студентите, предметниот наставник од ФСЈ и г-ца Бергум зборуваа за англискиот јазик, неговата еволуција и секојдневната употреба, особено во Македонија, гледано од перспектива на г-ца Бергум.