Студентите од ФДЕИОН при УАКС следеа гостинско предавање од директорот на „Бренд Унион“, г-ца Ира Бабиќ
Студентите од трета година додипломски студии на насоката маркетинг на Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС, имаа задоволство да следат гостинско предавање одржано од г-ца Ира Бабиќ, директор и ко-сопственик на „Бренд Унион“.
„Бренд Унион“ е локална дигитална агенција , која во последните 10 (десет) години работи не само во областа на дигиталните комуникации, но исто така и во вклучување на интегрирани маркетинг комуникации за различни клиенти.
Студентите имаа единствена можност да стекнат повеќе знаења за работата на агенцијата, како и да слушнат неколку успешни приказни од работното искуство на „Бренд Унион“.
Воедно, тие имаа можност да ја согледаат разликата во маркетинг комуникациите, значењето на концептот, на содржината и разликата во ефектите. Притоа, студентите можат да продолжат да работат на нивните проекти за развој на дигиталните кампањи и кампањи кои ги вклучуваат клиентите. Предавањето се одржа како дел од наставата по предметот дигитални и интернет маркетинг комуникации.