Студентите од ФСЈ во посета на Ад Вербум
На 11 април 2018 година, студентите од Факултетот за странски јазици при УАКС кои го слушаат предметот Подготовка за превод и толкување, заедно со нивниот предметен наставник, вон. проф. д-р Марјана Ванева, беа во посета на агенцијата за превод, толкување и издаваштво, „Ад Вербум“.
Претставник од компанијата, искусен преведувач и толкувач, и сегашен рецензент на работата на помладите преведувачи, им се обрати на студентите. Таа им појасни каква е професијата за превод и толкување, како и кои се предизвиците и задоволството кои тие ќе ги имаат од оваа работа. Воедно, таа го сподели своето лично искуство за патот кој што требало да го помине за време на нејзиниот професионален развој и надградување на своите вештини.
Исто така, студентите остварија средба и со тим на преведувачи, и имаа можност да ја искусат работната атмосфера на преведувачите. Тие практично беа запознаени со програмите за преведување кои се користат во професионалниот живот на преведувачот, и се обидоа да ги употребат овие програми.
Навистина се надеваме дека оваа посета ќе придонесе студентите подобро да се запознаат со оваа професија, и да ги поврзат знаењата од посетата со наставниот материјал.