Студенти на УАКС во посета на Стопанска банка АД – Скопје
На 2 април 2018 година, во Стопанска банка АД – Скопје, студенти од трета година по финансии од УАКС (македонска и англиска група) кои го слушаат предметот Менаџмент на финансиски институции кај виш научен соработник д-р Јадранка Мршиќ и д-р Горан Василев, присуствуваа на предавањето на тема „Управување со средства и побарувања“. Предавањето го одржа г-а Верица Атанасова, соработник за ликвидност во Стопанска банка АД – Скопје.
Посетата и предавањето беа организирани во соработка со д-р Мирјана Трајановска, сениор директор за ликвидност и финансии на банката.