Студенти на ФКТИ освоија 2ро место на Global Game Jam 2018

Global Game Jam е најголемиот глобален настан за развивање на игри. Се одржува еднаш годишно истовремено на голем број локации во вид на 48-часовен маратон на кој се креираат игри за секаков вид платформи. Како дел од International Game Developers Association (IGDA) неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка и експериментирање.

Настанот е наменет за ентузијасти, студенти, средношколци и професионалци од различни сфери кои имаат интерес во областа на игри и креирање на игри. Девелопери, гејм дизајнери, 2Д артисти, 3Д моделери, саунд дизајнери, продуценти, експерти за монетизација и социјални медиуми. Ова е совршено место каде може да остварите нови контакти со сите профили од индустријата, размените знаење и/или заедно да креирате игри.

Оваа година на Global Game Jam се сретнаа 47.000 џемери, се одржа на 803 локации во 108 земји и беа создадени точно 8.606 игри. Во нашата држава се одржи на две локации, во Скопје и во Битола.
Во Скопје се одржа на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) на кој учествиваа двајца учесници од Факултетот за Компјутерска Техника и Информатика при УАКС – Ана Марија Петрушевска и нејзиниот колега Предраг Николиќ.
Нивната игра, односно играта креирана од страна на нивниот тим, го освои 2-рото место на глобално ниво! 
По разговор со Ана Марија, таа со нас ја сподели агендата и неколку детали за настанот.

“Во петокот во 19:00 часот имавме презентација на која беше објавена темата на која ние треба да изработиме игра. Темата не ја знае никој, се презентира насекаде во светот во ист временски период и за сите е иста. Темата оваа година беше “Што домот значи за тебе?“. 

Јас и Предраг бидејќи учествувавме прва година и не знаевме што не очекува побаравме да влеземе во некој тим кој има потреба од програмери и графички дизајнер. Бевме тим од 6 луѓе, 2 сенори и 4 јуниори. 2 од нив беа ученици од средното училиште ” Раде Јовчевски- Кoрчагин”, 1 од ” Орце Николов” и ” Јахија Кемал”. Нашиот тим беше составен од најмали членови, другите лугје од тимовите беа повозрасни од нас, вработени, искуни.

https://globalgamejam.org/2019/games?title=&country=MK&city=&tools=All&diversifier=All&platforms=All&other_tools=All

На овој линк се прикачени 20 игри кои беа направени оваа година на овој маратон. Нашата игра се вика Wi, и освои 2ро место. Комисијата беше составена од:

1. Танер Селим – Основач на студиото SnowBall Games кое е некаков тим составен од академијата Seavus.

2. Здравко Николовски од Netcetra

3. Jixian Wang – Pickatale- read, listen and learn!

4. Владислав Бидиков – Советник во одделение за ИКТ на ФИНКИ

Имаше уште 2 членови на жирито ама не им ги памтам имињата. 

Настанот беше одлично организиран и беше прекрасно искуство, забава и запознавање на многу нови пријатели.

Наредна година ќе се појавиме со целосен состав од УАКС! “

Ова со нас го сподели нашата студентка Ана Марија, а за повеќе детали за самиот настан посете го facebook настанот и погледнете го видеото:

https://www.facebook.com/events/432938147244407/

 

https://www.facebook.com/RSEMK/videos/2198362430431928/

Similar Posts