Студенти од УАКС ќе извршуваат практична работа во дипломатско-конзуларни претставништва на Р.М

Почитувани,

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве известиме дека Министерството за надворешни работи на Р.М позитивно одговори на доставеното барање од Универзитет Американ Колеџ Скопје за овозможување на практиканска работа за студенти од Факултетот за политички науки при УАКС (во насоката меѓународни односи и дипломатија), во претходно посочените дипломатско-конзуларни претставништва на Р.М, и тоа:

Глигорија Гулевска – Амбасада на Р.М во Берлин
Мила Апостоловиќ – Амбасада на Р.М во Париз
Сања Георгиевска – Амбасада на Р.М во Виена
Теодора Атанасова – Амбасада на Р.М во Виена или Лондон или Осло

Студентите ќе може да ја реализираат практиканската работа во периодот од јуни до август 2018 година.

Би сакале да упатиме огромна благодарност до Министерството за надворешни работи на Р.М за воспоставената успешна соработка во изминатиот период и можноста нашите студенти да го применат своето стекнато теоретско знаење во пракса, преку стажирање во дипломатско-конзуларните претставништва.

На нашите студенти би сакале да им посакаме многу успех во извршување на практичната работа.

Similar Posts