Тања Орданоска-Кристи, основачот на SqueezeMe гостин предавач на УАКС
На 13 декември 2017 година, студенти по деловна економија и организациони науки – студиска насока маркетинг, кои го слушаат предметот Маркетинг менаџмент кај Билјана Северинова, следеа гостинско предавање од г-ѓа Тања Орданоска-Кристи, основач и сопственик на Сквиз Ми – Скопје. Таа одржа предавање на тема: „Процесот на создавање и управување со услуги на македонски бренд – студија на случај Сквиз ми“.
Оваа македонска компанија претставува одличен пример за иновативна старт-ап идеја. Компанијата успеа да прерасне во вистински бренд во текот на своето двегодишно постоење на пазарот, која ги менува навиките за исхрана на луѓето со цел да се фокусираат на што поздрава храна. Наскоро, тие ќе ја отворат својата прва франшиза во Лондон.
Ова е одличен пример за создавање на бренд, маркетинг стратегија, спроведување и растење на еден бизнис, кој што беше споделен со студентите.