Теренска посета по претприемништво за учениците од Меѓународното училиште „Нова“

На 20 март (понеделник) 2017 година, УАКС организираше теренска посета по претприемништво наменета за учениците од I, II и III година од Меѓународното училиште „Нова“.

IMG_1959 (Copy)

Модераторот на настанот, м-р Бетина Џоунс, наставник на Факултетот за странски јазици при УАКС, им посака добредојде на учениците и успешна работа. Потоа, таа ги покани поранешните ученици од Меѓународното училиште „Нова“ и студенти на додипломски студии на УАКС, Александар Андоновски и Емил Бишев, да им се обратат на средношколците и да го споделат со нив искуството од студиите на УАКС.

IMG_1975 (Copy)

По краткото обраќање на студентите, следеа креативни вежби со м-р Македонка Димитрова. Воедно, таа говореше за фазите во процесот на отпочнување и развој на една компанија. За време на предавањето, средношколците од „Нова“ имаа можност да поставуваат прашања и да учествуваат во дискусија.

IMG_2030 (Copy)IMG_2025 (Copy)

 

 

 

 

 

 

По кратката пауза, учениците од Меѓународното училиште „Нова“ имаа можност да слушнат нешто повеќе за искуството на успешните претприемачи и алумни на УАКС, Иван Зографски и Маја Илиевска.

Иван Зографски говореше за неговиот старт-ап бизнис, СОЛВЕО, платформа која преку натпревари ги поврзува локалните компании со студентите за креативно решавање на модерни бизнис проблеми, како и за предизвиците со кои тој се соочил при основање на својата компанија. Воедно, тој организираше кратка интересна вежба за средношколците, за време на која тие имаа можност да ги претстават своите идеи.

IMG_2062 (Copy)

IMG_2089 (Copy)

 

 

 

 

 

 

 

 

Маја Илиевска одржа презентација за откривање на бизнис можности, отпочнување на нејзиниот бизнис со кутии за доставување на пица, со цел промоција на производите и услугите на компаниите и организациите на македонскиот пазар, Домино ефект, како и нејзиниот старт-ап бизнис, Ефективна кутија (Effective Box). Таа говореше за процедурата за патентирање на нејзиниот производ во Македонија и сите предизвици со кои таа се соочила како претприемач на рана возраст.

IMG_2107 (Copy)

 

 

 

 

 

 

 

 

По завршување на презентациите, средношколците од Меѓународното училиште „Нова“ имаа можност да им постават прашања на претприемачите.

IMG_2123 (Copy)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На крајот на настанот, шефот на кабинетот на ректорот, Александра Караџа, одржа презентација на тема: „Зошто да го одберете УАКС?“. Таа ги претстави програмите на додипломски (прв) циклус студии на Универзитетот, поставеноста на УАКС во македонскиот високообразовен сектор согласно последните резултати од рангирањето спроведено од Шангајскиот Џиао Тонг Универзитет, како и сите можности кои Универзитетот им ги нуди на своите студенти (практична работа овозможена од компаниите-членки на Деловниот совет, можности за мобилност преку програмата Еразмус+, студии на високообразовните институции во странство со кои Универзитетот има склучено договори за соработка, студентски организации, итн.).

IMG_2134 (Copy)

 

 

 

 

 

 

 

 

Би сакале да му се заблагодариме на Даниел Канингам, наставник по општествени науки во Меѓународното училиште „Нова“, кој ни помогна да ја организираме првата теренска посета по претприемништво за средношколците од ова училиште. Воедно, би сакале да ја искажеме нашата огромна благодарност до тимот и алумните на УАКС, кои придонесоа за успешен настан и реализација на истиот.

 

 

Similar Posts