Тестирање за 12-те стипендии на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Денес и во наредните денови ќе се одржат тестирањата за 12-те стипендии во просториите на Универзитет Американ Колеџ Скопје во следниве термини:

-Тестирањето за Факултет за деловна економија и организациони науки (македонски и англиски јазик) ќе се одржи на 17.06.2019 година, со почеток во 11:00 часот.

– Тестирањето за Факултет за правни науки ќе се одржи на 17.06.2019 година, со почеток во 11:00 часот.

– Тестирањето за Факултет за архитектура и дизајн ќе се одржи на 18.06.2019 година, со почеток во 11:00 часот.

– Тестирањето за Факултет за компјутерска техника и информатика ќе се одржи на 19.06.2019 година, со почеток во 11:00 часот.

– Тестирањето за Факултет за политички науки (и психологија) ќе се одржи на 19.06.2019 година, со почеток во 11:00 часот.

– Тестирањето за Факултет за странски јазици ќе се одржи на 19.06.2019 година, со почеток во 11 часот.

Прелиминарниот список ќе се објави на 03.07.2019 година, на веб страната на УАКС: http://www.uacs.edu.mk/home/

Приговор по објавените резултати се доставува до универзитетот од 03.07. до 10.07.2019 година.

Конечниот список ќе биде објавен до 12.07.2019 година на веб страната на УАКС: http://www.uacs.edu.mk/home/

По објавувањето на конечниот список добитниците на стипендии во рок од 3 дена треба да го потпишат договор за стипендии, во случај во предвидениот рок да не се изврши упис стипендијата ја добива второ рангираниот кандидат.

Similar Posts