Три позиции за пракса и вработување во Грант Торнтон Скопје
Драги студенти,
Можност за пракса и вработување во Грант Торнтон Скопје.
Грант Торнтон е фирма членка на Grant Thornton International Limited (GTIL), една од водечките организации во светот која обезбедува ревизорски, даночни и советодавни услуги кои им помагаат на динамичните организации да го поттикнат растот преку широк спектар на професионални услуги. Со нашите идеи, стандарди и посветеност создаваме квалитет и вредности за нас и нашите клиенти.
Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим ви нудиме:
- Пријателска и динамична работна средина, во која можете да ги развивате своите вештини и компетенции
- Нудиме одлични можности со конкурентен пакет за наградување и постојан развој на кариерата за амбициозните кандидати кои имаат желба за напредок.
- Обука и менторство
- Хибриден начин на работа од канцеларија и од дома
1. Сметководител
Улога во тимот:
- Книжење на финансиската и материјална документација
- Учествo во пресметка на ДДВ, данок на добивка и персонален данок
- Учествo во пресметка на плати
- Асистира во извршување на тековните работни активности
- Следи инструкции во рамките на тимот
Потребни квалификации и компетенции:
- Владеење на англиски јазик, усно и писмено
- Познавање на Microsoft Office и развиени компјутерски вештини
- Одлични комуникациски и меѓучовечки односи и висока работна етика
- Дискреција при справувањето со доверливи или сензитивни работи
- Самодоверба и способност за работа по своја иницијатива и со ограничен надзор
2. Финансиски консултант
Улога во тимот:
- Учество во Изработка на финансиски анализи, финансиски модели и сценарија
- Учество во Discounted Cash Flow (DCF) анализи
- Учество во Подготовка на бизнис планови и физибилити студии
- Спроведување на пазарни и останати истражувања
- Советување околу вредноста на капиталoт и изработка на процени
- Учество во Изработка на длабински анализи
- Советување околу купопродажба на компании
- Учество во Изработка на проекти од областа на реорганизација, реструктурирање и ликвидација на компании
- Учество во Изработка на проекти поврзани со останатите услуги на компанијата.
Потребни квалификации и компетенции:
- Владеење на деловен англиски јазик, усно и писмено
- Познавање на Microsoft Office и развиени компјутерски вештини
- Одлични комуникациски и меѓучовечки односи
- Способност за развој и одржување на добри работни односи
- Способност за одржување дискреција при справувањето со доверливи или осетливи работи
- Самодоверба и способност за работа по своја иницијатива и со ограничен надзор
3. Даночен консултант
Улога во тимот:
- Учество во изготвување на даночни мислења, анализи и студии
- Учество во проверка и контрола на ДДВ, данок на добивка, задржан данок, персонален данок
- Учество во изготвување на студии за трансферни цени
- Учество во изготвување на даночни длабински анализи
- Советување околу даночните планирање, влијанија и последици
- Следење, истражување, анализа и толкување на даночните закони
Потребни квалификации и компетенции:
- Владеење на англиски јазик, усно и писмено
- Познавање на Microsoft Office и компјутерски вештини
- Одлични комуникациски и меѓучовечки односи
- Способност за развој и одржување на добри работни односи
- Способност за одржување дискреција при справувањето со доверливи или осетливи работи
- Самодоверба и способност за работа по своја иницијатива и со ограничен надзор
Вашиот професионален и личен успех е наша заложба, затоа аплицирајте со испраќање на ваша кратка биографија на Careers@mk.gt.com најдоцна до 20.11.2022 година и станете дел од семејството на Грант Торнтон.
Напоменуваме дека ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на избор. Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост.