УАКС вклучен во нови хуманитарни активности

Иако летото е веќе во полн ек, тоа не значи дека нема време за нови хуманитарни активности. Граѓанското здружение Конект, кое што верува во заедница на одговорни индивидуалци и бизниси, и повеќе од 10 години работи на поддршка на паметното донирање и филантропијата, оваа година беше организатор на првиот Донаторски кружок.

Секоја донација, макар и симболична, доколку е здружена може да постигне голем ефект. Затоа е создаден Донаторскиот кружок. Тој претставува заедница на индивидуалните филантропи, нивните семејства и пријатели, кои сакаат своите донации да ги насочат во граѓански организации кои се доверливи и ги решаваат проблемите на своите корисници.

За првиот Донаторски кружок, организациите се отчетни и транспарентни пред донаторите, затоа што донирањето е највисок степен на доверба. Во нив спаѓаа: 

Отворете ги прозорците (Глувче адаптирано како молив, тастатура со големи копчиња како тетратка, кои се алатките што ќе им овозможат квалитетно образование и развој на децата со попреченост и на нивните врсници. Донирајте за повеќе деца да имаат еднаква можност учејќи со помош на асистивната технологија).

ХОПС (Дечињата од семејства со родители кои се корисници на дроги, имаат исти желби и таленти како и нивните врсници. Некое од нив е добар фудбалер, а некое добро зборува англиски јазик, но немаат еднакви можности затоа што се стигматизирани. Донирајте за поддршка на развојот на  дечињата од ранливите групи во ХОПС).

Вилсон Македонија (Раната дијагноза на ретката болест Вилсон и редовната терапија значат спречување на фаталните последици и можност за нормален и квалитетен живот. Донирајте во Вилсон Македонија за да умеат да ја препознаат ова болест што повеќе лекари и студенти по медицина и да спасуваат животи).

Доц. д-р Венера Крлиу-Ханџиски, проректор за настава на Универзитет Американ Колеџ Скопје беше присутна на овој настан и направи значајни донации во нејзино име, како и во име на Универзитетот за сите три организации. Воедно, УАКС додели стипендија за студирање на прв циклус студии на лице со Вилсонова болест.

Како дел од својата мисија да ги шири филантропските активности и да помага во подобрување на општеството, УАКС ги поканува сите заинтересирани да се вклучат во овие активности, да го погледнат интервјуто во прилог, и да го посетат следниот донаторски кружок.

https://www.facebook.com/Konekt.mk/videos/10157486034776632/?t=4

Similar Posts