УАКС како еден од организаторите на 3-тата конференција на истражувачката мрежа на Факултетот за економија и политички науки од Лондон

Почитувани,

Со огромна чест и задоволство Ве информираме дека Универзитет Американ Колеџ Скопје ќе биде еден од организаторите на 3-тата конференција на истражувачката мрежа на Факултетот за економија и политички науки од Лондон на тема: „Општествена кохезија и економско управување“.

Конференцијата ќе се одржи на 7 април 2017 година во Скопје, Република Македонија.

Конференцијата е организирана од ЛСЕЕ – Истражување на Југоисточна Европа (LSEE – Research on South East Europe), истражувачка единица на Европскиот институт при Факултетот за економија и политички науки од Лондон (London School of Economics and Political Science) и Народната банка на Република Македонија (НБРМ).

Деканот на Факултетот за деловна економија и организациони науки, проф. д-р Никица Мојсоска-Блажевски е лидер на работната група за образование на ЛСЕЕ – Истражување на Југоисточна Европа и ќе биде вклучена во логистичката поддршка за конференцијата во Скопје.

Повикот за доставување на трудови е отворен до 30 јануари 2017 година, и истиот е достапен на следниот линк. open-call-for-the-3rd-lsee-research-network-conference

Similar Posts