УАКС студентите во посета на НЛБ Банка

Студентите од Факултетот за деловна економија и организациони науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, остварија тематска посета на експозитура на НЛБ банка во East gate Mall која е од модерен и футуристички тип

Студентите од Факултетот за деловна економија и организациони науки, насока Финансии и банкарство во рамки на предметот Основи на банкарството на ден 21.12. 2022 година ја посетија модерната и футуристичка експозитура на НЛБ Банка во East gate Mall, која се одликува со понуда на иновативни форми на банкарски производи и услуги. Студентите предводени од проф. д-р Андреј Илиевски, насловен доцент имаа можност практично и детално да се запознаат со карактеристиките на работење на оваа експозитура, како и со банкарските производи и услуги кои можат да ги користат преку иновативните решенија кои ги нуди банката.

Исто така, студентите имаа можност да постават и повеќе прашања во однос на начинот на користење на иновативните финансиски услуги кои ги нуди банката, финансиските технологии кои се нов тренд во банкарството, но и со можностите што се нудат кога се работи во банка.

За овие теми одговорите беше одговорено од страна на Раководителот на експозитурата, којшто на експлицитен и проактивен начин даде и дополнителни објаснувања.

Вработените во експозитурата беа одлични домаќини, и имаа интересна, концизна и сеопфатна презентација во однос на иновативните услуги кои го карактеризираат модерното банкарство. Студентите исто така пројавија интерес за теми којшто се поврзани со можностите за работа во банката.

Преставникот на банката им објасни дека НЛБ Банка е отворена за вработување на амбициозни и успешни дипломирани студенти, кои ќе бидат лидери во користењето на иновативните финансиски технологии, како и идни професионалци во рамки на финансиските институции.

 

 

Similar Posts