УАКС Хибридна настава

Почитувани студенти,

Со оглед на новонастанатата ситуација во однос на ширењето и опасноста од вирусот Ковид-19 и имајќи го предвид прогласувањето пандемија на светско ниво, Универзитет Американ Колеџ Скопје ве известува дека продолжува со работа без прекин во наставата.

Грижејќи се за семејството на УАКС – студентите, наставниот кадар и администрацијата, како и во согласност со Одборот за акредитација во САД, Пролетниот семестар на УАКС ќе се организира како хибридна настава.

Наставата на Универзитетот ќе се организира и регулира со примена на познатата видеоконференциска платформа WEBEX, што ја користат голем број светски универзитети. За оваа платформа, Универзитетот обезбеди соодветен број лиценци за сите студенти и професори.

Начинот на кој ќе бидете вклучени е едноставен:

  1. На вашата e-mail адреса што сте ја доставиле во Records ќе добиете покана за видео-конференција од страна на предметниот професор
  2. Кликнете Join Meeting
  3. Слушајте и учете

*Забелешка: ве молиме имајте слушалки и микрофон при видео-конференцијата.

МИД-ТЕРМ КОЛОКВИУМСКА НЕДЕЛА

Mid-term Examination и доставата на материјали за учење ќе продолжи преку платформата Moodle, за која обезбедивме подобрена верзија, што вклучува и тестирање. За сите дополнителни информации, исконтактирајте со професорите.

За сите прашања поврзани со инсталирање на платформите слободно можете да се обратите на следните контакти:

За сите дополнителни прашања, обратете се преку e-mail до координаторите за настава:

или на info@uacs.edu.mk

Со надеж дека светската криза што поскоро ќе се надмине, остануваме посветени на вашите потреби и вашето образование. Токму во вакви времиња неопходно е да се обезбеди што поквалитетно образование, со цел градење идни генерации кои успешно ќе се соочат со предизвиците на светот и времето што доаѓа.

Ви посакуваме добро здравје и пријатна настава.

Similar Posts