Управување со јавниот долг во Република Македонија


На 4 април 2018 година, м-р Сања Манасиевиќ-Манчева, раководител на одделението за анализа на јавниот долг во секторот за управување со јавниот долг и меѓународните финансии при Министерството за финансии на Република Македонија, одржа предавање на тема „Управување со јавниот долг во Република Македонија“ за студентите по деловна економија и организации кои го слушаат предметот Финансиски пазари и институции кај експертот од практика, д-р Маја Парнарџиева-Змејкова.

Тие имаа можност да научат преку кој вид на државни хартии од вредност се емитува и управува јавниот долг, како и да дознаат нешто повеќе за најновите искуства на Министерството за финансии на меѓународните пазари на капитал (процесот на издавање на еврообврзница, избор на инвестициска банка, избор на правна компанија, обезбедување на кредитен рејтинг, движење на цената на еврообврзницата, пример за предвремен откуп на долг, итн.).

 

Similar Posts