Учество на Димитринка Јорданова Пешевска на Сафети 2016 година
Димитринка Јорданова Пешевска професор од пракса на УАКС, факултетот за Политички науки од 18-21 Септември 2016 година учествуваше на 12-та Светска конференција за безбедност и заштита од повреди, која се одржуваше во Тампаре, Финска.
Таа го презентираше својот труд со наслов: “Анализа на насилството врз децата и нивна первенција во Јужно-европските земји” (ко-автори: Динеш Сети, Гентијана Ќирјако,Фимка Тозија и Тамара Јорданова). Таа исто така имаше своја презентација на постер насловена: Психолошко злосторување и насилство и виктимизација врз Адолесценците. (Ко-автори: Николина Кениг и Тамара Јорданова)
На Сафети 2016, учествуваа повеќе од 1200 истражувачи, практичари аналитичари и активисти за споделување на информации и искуства кои разговараа за решенија од повреди и превенција од насилство.