Учество на наставник на ФПН при УАКС на Шестата меѓународна конференција за заштита на природните ресурси и управување со животната средина
Во периодот 11-13 ноември 2016 година, проф. д-р Зоран Шапуриќ имаше активно учество на Шестата меѓународна конференција „Заштита на природните ресурси и управување со животната средина: клучни алатки за одржливост““Protection of Natural Resources and Environmental Management: The Main Tools for Sustainability” (PRONASEM 2016)), која се одржа во Букурешт, Романија
Конференцијата беше организирана од Балканската асоцијација за животна средина и Академијата на науките на Романија.
За време на конференцијата, проф. д-р Шапуриќ го презентираше својот истражувачки труд: „Можности за подобрување на менаџирање на депонијата Дрисла во Скопје“.