Факултетот за странски јазици при УАКС како коорганизатор на меѓународна филолошка конференција во странство
Следејќи го успехот на минатогодишната, заедничка конференција во Полска, чиј што коорганизатор беше Факултетот за странски јазици при УАКС, ни претставува особена чест и задоволство да објавиме дека Факултетот ја продолжува успешната соработка со својот Еразмус+ партнер – Катедрата по филологија при Универзитетот за применети науки „Станислав Стажиќ“ од Пила, Полска (Stanisław Staszic University of Applied Sciences in Piła). Притоа, втора година по ред, Факултетот за странски јазици при УАКС ќе биде коорганизатор на конференцијата која ќе се одржи во Пила, Полска.
На конференцијата во 2017 година, Катедрата за англиски јазик при УАКС се претстави со три труда, изработени во соработка меѓу проф. д-р Марјана Ванева, член на научниот комитет на конференцијата, и три алумни на Факултетот за странски јазици: м-р Татјана Јовческа, м-р Марија Петковска и Марија Ивановска, студент на постдипломски студии. На секој од трудовите, коавтор беше менторот, проф. д-р Марјана Ванева и еден од алумните на УАКС: ‘Vocabulary instruction in the Macedonian EFL primary classroom: are teachers aware of the teaching strategies?’ (Ванева, Јовческа); ‘Information technology in the Macedonian language teaching classroom’ (Ванева, Петковска); и ‘The use of internet for learning English in high schools in Bitola’ (Ванева, Ивановска). Апстрактите од трудовите беа навремено доставени и целосните трудови беа испратени со цел нивно објавување во зборникот од конференцијата.
Овогодинешната конференција насловена ‘COMMUNICATION IN INSTITUTIONAL SPACE: OPPORTUNITIES AND CHALLENGES’, ќе се одржи во периодот 23-24 октомври 2018 година, во просториите на Универзитетот за применети науки „Станислав Стажиќ“ во Пила, Полска. Покрај универзитетот-домаќин и Факултетот за странски јазици при УАКС, други партнери на конференцијата се Факултетот за филологија; Меѓународниот универзитет Бурч, Босна и Херцеговина (International Burch University, Bosnia and Herzegovina); и Студентските академски клубови. Како претставник од Универзитетот, проф. д-р Марјана Ванева, продолжува да биде дел од научниот комитет на конференцијата.
Повеќе информации за конференцијата се достапни на следниот линк.