КОИ СМЕ НИЕ

Факултетот за деловна економија и организациони науки на УАКС е единствениот меѓународно акредитиран факултет во Република Северна Македонија. Веќе неколку години наназад ФДЕИОН при УАКС е рангиран како најдобар факултет за бизнис и економија во земјата, и тоа од страна на ИДЕАС/Репек. Исто така, според Џиао Тонг – Академско рангирање на универзитетите во светот (ARWU), УАКС е рангиран како бр. 1 приватен универзитет во Република Северна Македонија.

Факултетот за деловна економија и организациони науки нуди исклучителен професорски кадар. Односот студент/професор изнесува 18:1, што обезбедува соодветно внимание од страна на професорот за секој студент, и овозможува оптимални услови за учење и личен раст на секој студент. ФДЕИОН е факултет кој ги применува методите за учење на Harvard Business School. Со бројка од над 30 професори чие знаење, експертиза и искуство се ненадминливи, ФДЕИОН на своите студенти им овозможува уникатна можност за учење, притоа посветувајќи се и на теориски, но и на практични теми, нудејќи им ексклузивна можност на студентите да учат од врвни академски и бизнис имиња.

 

КОИ СЕ НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ

Факултетот за деловна економија и организациони науки е посветен на обезбедување врвна настава на студентите, со цел да создаде професионалци какви што се потребни во современиот свет, способни да одговорат на барањата и предизвиците на секојдневието. Со внимателно создадена наставна програма, на студентите им овозможуваме да учат од обемен академски материјал од еминентни автори, со примена на најновите истражувачки методи и разбирање на современите бизнис анализи.

Покрај тоа, ние сме посветени и на воведување на студентите во вистинскиот свет и нивно насочување и прилагодување на потребите на современите бизниси. Ова се спроведува преку практични информации во текот на студиите, преку предавања на професори од пракса, но и со директно вклучување на студентите во корпоративниот бизнис свет, преку стажирања и понуди за работа во разновидни компании. Во целиот тој процес, УАКС делува како точка на контакт и вмрежување.

Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС исто така нуди и дополнителни услуги за поддршка на студентското образование во насока на академско советување и менторирање, преку Tutoring Assistance Student Club (TASC). Покрај тоа, ФДЕИОН негува и силни алумни односи, грижејќи се за студентите и по нивното дипломирање. Ние водиме евиденција за успесите и постигнувањата на сите наши студенти и служиме како основа за нивно кариерно унапредување, преку постојана организација на разновидни активности, професионално вмрежување, како и со понуда на професионални услуги и можности.

 

НАШИОТ КАДАР

Академскиот кадар на Факултетот за деловна економија и организациони науки претставува комбинација од еминентни научници и професори со значителни научни и теориски достигнувања, со предавачи од пракса, кои се бизнис експерти, водечки лица во компании од разни сектори и истакнати во своите области. Исто така, ФДЕИОН при УАКС им нуди и интернационална едукација на студентите преку организација на часови и предавања кои ги држат меѓународни предавачи од познати универзитети.

 

ДЕЛОВЕН СОВЕТ НА УАКС

Соработката со деловниот совет при УАКС е клучен фактор во развојот на високопрофесионален кадар за современите компании. Деловниот совет на УАКС е составен од 150 водечки компании од различни бизнис сектори – банки, телекомуникациски компании, осигурителни компании, финансиски компании, рекламни агенции, како и голем број успешни мали и средни претпријатија. Со прилагодување на наставната програма на потребите на вистинскиот бизнис сектор, деловниот совет на УАКС е дополнителна можност за развој на кариерата на студентите.

 

НАШАТА ФИЛОЗОФИЈА

Нашата цел е да го истакнеме индивидуалниот потенцијал кај секој студент и да ги развиеме неговите професионални вештини. Притоа, за да го постигнеме тоа, покрај теорија и податоци, ние работиме и на примена на знаењето, со цел стекнување практични вештини. Покрај предавања, едукативниот концепт вклучува и толкување улоги, анализи на студии на случај, решавање практични проблеми, како и работа на индивидуални и тимски проекти во вистински компании, почнувајќи од истражувања на пазарот и пишување маркетиншки планови, па се до финансиски анализи и мерење на задоволството на вработените.

Студентите користат Moodle, онлајн платформа за учење која е стандард во светското образование и која се користи во над 80% од светските универзитети. Moodle на студентите им овозможува 24/7 пристап до материјали за учење, предавања, презентации, примери за проекти, итн.

Предавањата се одвиваат на македонски јазик, со примена на современи учебници и материјали за предавања од светски познати универзитети. Наставната програма е создадена на начин што стимулира и индивидуална, и тимска работа, како и развој на меки вештини. Исто така, студентите растат во средина што ги поттикнува да ги развијат и да ги подобрат своите презентациски и комуникациски вештини.

 

ОДГОВОРНОСТ КОН ЗАЕДНИЦАТА

Нашите програми се посветени и на негување социјална одговорност кај студентите, поттикнувајќи ги да ја почитуваат заедницата во која живеат и да бидат одговорни жители на општеството. Токму затоа, УАКС организира голем број социјално одговорни настани и проекти, во кои студентите се активно вклучени.

 

ДОДИПЛОМСКИ ПРОГРАМИ  И НАСОКИ

ФДЕИОН при УАКС нуди додипломски студии на македонски јазик во следните насоки:

 

Менаџмент и иновации

Подготвувајќи ги студентите да го разберат бизнис опкружувањето во разни сектори и индустрии, оваа програма е создадена со цел да ги развие аналитичките вештини на студентите за пазари, корисници, конкуренција и стратегија. Студентите се стекнуваат со знаење за претприемничката култура и нејзините предизвици и се способни да подготват и спроведат бизнис план во современото брзо и динамично бизнис опкружување.

Маркетинг и дигитална трансформација

Оваа програма е создадена со цел да понуди знаење, разбирање и примена на современите маркетиншки принципи. Работејќи на развој на маркетиншки планови и стратегии, студентите го анализираат однесувањето на потрошувачите, учат брендирање и позиционирање, развиваат продажни вештини, креираат рекламни кампањи и учат како да изградат солидни односи со клиенти и корисници.

Финансии и инвестиции

Оваа програма е посветена на едуцирање на студентите за финансиските, банкарските и сметководствените концепти и принципи, како и нивна примена во практичен контекст. Студентите на оваа насока учат како да читаат и да анализираат финансиски податоци, финансиски пазари и институции, и се стекнуваат со вештини за инвестирање и финансиски одлуки.

 

ОЧЕКУВАНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ ПО ДИПЛОМИРАЊЕТО

 

Менаџмент и иновации

Разбирање на моделите за анализа на бизнис опкружувања. Познавања за анализа на конкуренција. Подготвување разни видови бизнис планови.

Маркетинг и дигитална трансформација

Рекламирање на основните принципи и методи за маркетиншки стратегии. Рекламирање, однесување на потрошувачи, управување со продажба, управување со бренд, вмрежување и финансиски одлуки.

Финансии и инвестиции

Познавање главни финансиски, банкарски и сметководствени принципи и техники. Собирање и анализа на финансиски податоци за основни инвестициски и финансиски одлуки.

 

СТРУЧНИ НАУЧНИ ЗВАЊА ПО ДИПЛОМИРАЊЕТО НА ФДЕИОН

  • Дипломиран економист по деловна администрација во менаџмент и иновации (180 ЕКТС)
  • Дипломиран економист по деловна администрација во маркетинг и дигитална трансформација (180 ЕКТС)
  • Дипломиран економист по деловна администрација во финансии и инвестиции (180 ЕКТС)

 

НАСТАВЕН КАДАР

  1. Проф. д-р Марјан Бојаџиев – професор на универзитетот  Тор Вергата од Рим, Италија, Професор на годината за 2012 за Европа и Блискиот Исток
  2. Вон. проф. д-р Венера Крлиу – алумна на универзитетот Вебстер од Женева, Швајцарија, Член на одбор на Македонија 2025
  3. Проф. д-р Марјан Петрески – алумнус на универзитетот Стафордшир од Велика Британија, Награда за најдобар истражувач за Југоисточна Европа
  4. Вон. проф. д-р Снежана Христова – Фулбрајт алумна, алумна на универзитетот Редбаунд од Холандија
  5. Проф. д-р Илијана Петровска – одговорна за тренинг и развој и професор на универзитетот Ал Рајан од Катар и универзитетот од Дерби од Велика Британија
  6. Проф. д-р Ана Томовска Мисоска – алумна на универзитетот Белфаст, Ирска, Член на одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси
  7. Проф. д-р Томе Неновски – поранешен Гувернер на Народна банка на РСМ
  8. Доц. д-р Ивона Милева – алумна на универзитетот од Монако
  9. Вон. проф. д-р Душица Стевчевска Србиноска – CPA, гостински предавач на универзитетот од Анже, Франција
  10. Проф. д-р Елена Бундалеска – алумна на универзитетот Фордам, САД

ПРЕДАВАЧИ ОД ПРАКСА

  1. Проф. д-р Игор Величковски – директор во Дирекција за платни системи на НБРСМ
  2. Проф. д-р Евица Делова Јолевски – заменик-претседател на УО на АБИТ, директор на Дирекцијата за заштита на потрошувачите и финансиска едукација при НБРСМ
  3. Вон. проф. д-р Филип Ивановски – директор на Пакомак
  4. Д-р Надица Јовановска Бошковска – алумна на универзитетот Тор Вергата Рим, Италија, директор на EUROPA RE LTD Северна Македонија
  5. Проф. д-р Анета Крстевска – главен економист во НБРСМ
  6. Доц. д-р Горан Василев – директор на IuteCREDIT
  7. Доц. д-р Благица Петрески – ко-основач и главен економист на Finance Think
  8. Д-р Јана Проданова – истражувач во МАНУ
  9. Д-р Маја Стевкова Штериева – главен финансов директор и член на УО на Комерцијална банка АД Скопје
  10. М-р Ангелка Пеева Лауренчиќ – директор на IMAGE PR
  11. М-р Калина Сејфула – маркетинг и односи со јавност во Еуролинк Осигурување
  12. Д-р Маја Парнарџиева Змејкова – член на Совет за политики на Finance Think
  13. Д-р Иво Пауновски – раководител на одделот ИКТ и партнерства во A1 Македонија
  14. М-р Јане Плавевски – постар проектен менаџер во Damilah
  15. М-р Ивана Дојчиновска – член на УО на Македонската асоцијација за човечки ресурси
  16. М-р Тихомир Петрески – директор на Триглав пензиски фонд, поранешен  директор на Coca Cola за Балкан

МЕЃУНАРОДНИ ПРЕДАВАЧИ

  1. Prof. Luca Gnan, PhD – поранешен претседател на Европската академија за менаџмент – Универзитет Тор Вергата Рим, Италија
  2. Prof. Jaka Vadnjal, PhD – Колеџ GEA, Љубљана, Словенија
  3. Prof. Vittorio De Pedys, PhD – ESCP Училиште за бизнис
  4. Prof. Kimberly Parker, PhD – Универзитет од Кентаки, САД
  5. Prof. Bobi Ivanov, PhD – Универзитет од Кентаки, САД
  6. Sabina Cvitkovic, PhD Candidate – Колман Комуникации, алумна на Универзитетот од Љубљана, Словенија, директорка за маркетинг на Zagreb Holding

 

Деловна администрација во менаџмент и иновации

 

Прва година
Предмети: ЕКТС
1 Вовед во менаџмент 6
2 Вовед во микроекономија 6
3 Математика за бизнис 6
4 Изборен предмет од програмата 6
5 Изборен предмет од листа на универзитетот 6
6 Вовед во сметководство 6
7 Вовед во маркетинг 6
8 Академско пишување 6
9 Изборен предмет од програмата 6
10 Изборен предмет од листа на универзитетот 6
Вкупно ЕКТС 60

 

Прва година
Изборни предмети, 4 од следните:
Деловно право 6
Психологија на работно место и организации 6
Социологија 6
Англиски јазик за посебни цели 6
Деловни компјутерски апликации 6
Современ светски јазик – Италијански 1-4 6
Современ светски јазик – Германски 1-4 6
Литература, филм и политика 6
Креативно размислување 6

 

Втора година
Предмети: ЕКТС
1 Статистика 6
2 Вовед во макроекономија 6
3 Организациско однесување 6
4 Деловна комуникација 6
5 Изборен предмет од програмата 6
6 Е-бизнис и иновации 6
7 Основи на финансии 6
8 Вовед во менаџмент на човечки ресурси 6
9 Изборен предмет од програмата 6
10 Изборен предмет од листа на универзитетот 6
Вкупно ЕКТС 60

 

Втора година
Изборни предмети, 3 од следните:
Економија на Европска Унија 6
Бизнис етика 6
Циркуларна економија 6
Лидерство во организации 6
Дигитална креативност и продукција 6
Маркетинг комуникации 6
Родова еднаквост во деловното работење 6
Управување со промени 6
Глобално разбирање и интеркултурна комуникација 6
Западна цивилизација 6
Модерна Европа 6
Зелено општество и одржлив развој 6
Структури и институции на ЕУ 6
Говорна комуникација 6
Управување со стресот 6
Вештини на преговарање и менаџирање на конфликти 6

 

Трета година
Предмети: ЕКТС
1 Стратегија и планирање 8
2 Меѓународен менаџмент и глобализација 6
3 Меѓународен менаџмент и глобализација 6
4 Изборен предмет од програмата 6
5 Облигации и договори 8
6 Деловни апликации и информациски системи 8
7 Основи на проектно работење и управување со операции 6
8 Изборен предмет од програмата 6
9 Практична настава 6
Вкупно ЕКТС 60

 

Трета година
Изборни предмети, 2 од следните:
Маркетинг менаџмент 6
Менаџмент на осигурување 6
Талент менаџмент 6
Вработување на кадар 6
Вовед во обука и развој 6
Политика на развој на производ 6
Управување со перформансите 6
Дигитални финансии и криптовалути 6
Управување со учинок и компензација 6
Менаџмент на финансиски институции 6
Продажен менаџмент 6
Практични примери во менаџмент 6
Развој на кариера 6
Бизнис аналитика 6

 

Деловна администрација во маркетинг и дигитална трансформација

 

Прва година
Предмети: ЕКТС
1 Вовед во менаџмент 6
2 Вовед во микроекономија 6
3 Математика за бизнис 6
4 Изборен предмет од програмата 6
5 Изборен предмет од листа на универзитетот 6
6 Вовед во сметководство 6
7 Вовед во маркетинг 6
8 Академско пишување 6
9 Изборен предмет од програмата 6
10 Изборен предмет од листа на универзитетот 6
Вкупно ЕКТС 60

 

Прва година
Изборни предмети, 4 од следните:
Деловно право 6
Психологија на работно место и организации 6
Социологија 6
Англиски јазик за посебни цели 6
Деловни компјутерски апликации 6
Современ светски јазик – Италијански 1-4 6
Современ светски јазик – Германски 1-4 6
Литература, филм и политика 6
Креативно размислување 6

 

Втора година
Предмети: ЕКТС
1 Статистика 6
2 Вовед во макроекономија 6
3 Организациско однесување 6
4 Деловна комуникација 6
5 Изборен предмет од програмата 6
6 Маркетинг комуникации 6
7 Основи на финансии 6
8 Однесување на потрошувачите 6
9 Изборен предмет од програмата 6
10 Изборен предмет од листа на универзитетот 6
Вкупно ЕКТС 60

 

Втора година
Изборни предмети, 3 од следните:
Економија на Европска Унија 6
Бизнис етика 6
Циркуларна економија 6
Лидерство во организации 6
Вовед во менаџмент на човечки ресурси 6
Лидерство во организации 6
Дигитална креативност и продукција 6
Родова еднаквост во деловното работење 6
Управување со промени 6
Глобално разбирање и интеркултурна комуникација 6
Западна цивилизација 6
Модерна Европа 6
Зелено општество и одржлив развој 6
Структури и институции на ЕУ 6
Говорна комуникација 6
Управување со стресот 6
Вештини на преговарање и менаџирање на конфликти 6

 

Трета година
Предмети: ЕКТС
1 Стратегија и планирање 8
2 Маркетинг истражување 8
3 Маркетинг менаџмент 6
4 Изборен предмет од програмата 6
5 Политика на развој на производ 6
6 Облигации и договори 8
7 Дигитални маркетинг комуникации 6
8 Изборен предмет од програмата 6
9 Практична настава 6
Вкупно ЕКТС 60

 

Трета година
Изборни предмети, 2 од следните:
Меѓународен менаџмент и глобализација 6
Претприемништво 6
Б2Б Маркетинг 6
Вработување на кадар 6
Управување на односи со клиенти 6
Практични примери во маркетинг 6
Вовед во обука и развој 6
Основи на проектно работење и управување со операции 6
Дигитални финансии и криптовалути 6
Продажен менаџмент 6
Развој на кариера 6
Бизнис аналитика 6

 

Деловна администрација во финансии и инвестиции

 

Прва година
Предмети: ЕКТС
1 Вовед во менаџмент 6
2 Вовед во микроекономија 6
3 Математика за бизнис 6
4 Изборен предмет од програмата 6
5 Изборен предмет од листа на универзитетот 6
6 Вовед во сметководство 6
7 Вовед во маркетинг 6
8 Академско пишување 6
9 Изборен предмет од програмата 6
10 Изборен предмет од листа на универзитетот 6
Вкупно ЕКТС 60

 

Прва година
Изборни предмети, 4 од следните:
Деловно право 6
Психологија на работно место и организации 6
Социологија 6
Англиски јазик за посебни цели 6
Деловни компјутерски апликации 6
Современ светски јазик – Италијански 1-4 6
Современ светски јазик – Германски 1-4 6
Литература, филм и политика 6
Креативно размислување 6

 

Втора година
Предмети: ЕКТС
1 Статистика 6
2 Вовед во макроекономија 6
3 Организациско однесување 6
4 Деловна комуникација 6
5 Изборен предмет од програмата 6
6 Финансиски пазари и институции 6
7 Основи на финансии 6
8 Финансиско сметководство 6
9 Изборен предмет од програмата 6
10 Изборен предмет од листа на универзитетот 6
Вкупно ЕКТС 60

 

Втора година
Изборни предмети, 3 од следните:
Економија на Европска Унија 6
Бизнис етика 6
Јавни финансии 6
Спречување на измами и перење пари 6
Циркуларна економија 6
Лидерство во организации 6
Даночен систем и даночна политика 6
Е-бизнис и иновации 6
Менаџерска економија 6
Родова еднаквост во деловното работење 6
Управување со промени 6
Глобално разбирање и интеркултурна комуникација 6
Западна цивилизација 6
Модерна Европа 6
Зелено општество и одржлив развој 6
Структури и институции на ЕУ 6
Говорна комуникација 6
Управување со стрес 6
Вештини на преговарање и менаџирање на конфликти 6

 

Трета година
Предмети: ЕКТС
1 Стратегија и планирање 8
2 Корпоративни финансии 8
3 Банкарство 6
4 Изборен предмет од програмата 6
5 Дигитални финансии и криптовалути 6
6 Монетарна економија 6
7 Облигации и договори 8
8 Изборен предмет од програмата 6
9 Практична настава 6
Total ЕКТС 60

 

3 година
Изборни предмети, 2 од следните:
Меѓународен менаџмент и глобализација 6
Претприемништво 6
Менаџмент на осигурување 6
Финансиско известување 6
Управување со перформансите 6
Менаџмент на финансиски институции 6
Меѓународни пари и финансии 6
Практични примери во финансии 6
Основи на проектно работење и управување со операции 6
Бизнис аналитика 6
Развој на кариера 6

 

Симни Брошура

 

*Универзитет Американ Колеџ Скопје го задржува правото да ја измени наставната програма