|

Хуманитарни иницијативи во рамки на јубилејот 15 години УАКС

„Не е секој од нас создаден да прави големи работи. Но затоа, сите ние можеме да
правиме повеќе мали работи со многу љубов.“

– Мајка Тереза

Токму љубовта и посветеноста се нештата што го водат Универзитет Американ
Колеџ Скопје. Желбата да се помогне некому, да се биде дел од нечиј живот, да се
разубави секојдневието и да се создаде насмевка на нечие лице. Семејството на УАКС
е посветено на негување високо ниво на хуманост и социјална ангажираност во
рамки на нашата образовна мисија, затоа што знаеме дека вистинското знаење
секогаш се заснова на љубов и хуманост.

Подолу е само дел од хуманитарните иницијативи на УАКС, организирани во
соработка со нашите алумнисти и реализирани во рамки на јубилејот 15 години
УАКС:
– Донација на лектири прилагодени за ученици со дислексија, во основното училиште „Александар Македонски“ од Скопје

Обновување на училишниот мебел во основното училиште „Аврам Писевски“ во Бардовци со донација на 30 клупи за ученици.


Донација на храна и опрема за кучиња за непрофитната организација за заштита на животни Fetch а home

Донација на храна за социјално ранливи категории во соработка со здружението Вистински дела на љубезност


Донација на вода и храна за социјално ранливи категории во соработка со Црвен Крст на РСМ


Донација на компјутерска опрема за учениците во основното училиште „Лазо Трповски“ од Скопје


Акција за рециклирање пластични капачиња од студентите и вработените на УАКС во соработка со „Пакомак“

Благодарност до:
Марија Калешов, директор на ООУ „Александар Македонски“, Скопје
Стефан Богоев, градоначалник на Општина Карпош, Скопје
Тони Станковски, Вистински дела на љубезност
Филип Ивановски, Генерален директор на Пакомак, Скопје
Соња Јовановска, директор на ООУ „Лазо Трповски“, Скопје
Матилда Бајкова, директор на ООУ „Аврам Писевски“, Скопје
Сузана Тунева Пауновска, Црвен Крст на Град Скопје
Тимот на Fetch a home

Similar Posts