|

Церемонија за доделување дипломи за академската 2020/2021 година

Почитувани дипломци, магистри и доктори,

 

Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме на свечената церемонија по повод доделувањето дипломи на четиринаесетта генерација завршени студенти на Универзитет Американ Колеџ Скопје.

 

Настанот за доделување дипломи за академската 2020/2021 година ќе се одржи на 2.10.2021 г. (сабота), со почеток во 10:00ч., во отворената кафетерија на Универзитет Американ Колеџ Скопје „Среќа“. Со оглед на епидемиолошката состојба во земјата, настанот ќе се одржи под посебни услови и рестрикции, и со ограничен број на присутни.

 

Со цел што побезбедна организација, Ве молиме потврдете го Вашето присуство најдоцна до 20.9.2021 г. на networking@uacs.edu.mk, со Ваше име, презиме, ID број и предмет (Subject) на пораката: ‘Присуство на церемонија за доделување дипломи за академска 2020/2021 година. Во прилог на пораката задолжително пратете и сертификати за вакцинација за студентот и за гостите што ќе присуствуваат на настанот (максимум двајца).

Студентите кои сакаат да присуствуваат на церемонијата потребно е да ги исполнат следните услови најдоцна до 24.9.2021 г.:

  • Да имаат целосна документацијаво студентското досие;
  • Да ги имаат положено сите испити предвидени во програмата за додипломски/постдипломски/докторски студии;
  • Да имаат одбрането дипломски труд(за студентите на ФАД, ФКТИ, ФСЈ и ФПН);
  • Да имаат одбрането магистерски/специјалистички труд (за студентите на постдипломски студии);
  • Да имаат одбрането докторски труд (за студентите на докторски студии);
  • Да имаат доставено целосна документација за реализирана практична работаво сите академски години во УАКС Кариерен Центар;
  • Да имаат освоено просек (ГПА) од минимум 67;
  • Да ги имаат подмиренофинансиските обврски кон УАКС;
  • Да ја имаат вратено стручната литература изнајмена од библиотеката на УАКС;
  • Студентите кои ќе присуствуваат на свечената церемонија потребно е да платат ‘Graduation Ceremony Fee’во износ од 4,000 денари, што вклучува изнајмување наметка, капа, издавање Диплома, Уверение за положени испити, Додаток на Диплома и три карти за настанот*;
  • Студентите кои нема да присуствуваат на свечената церемонија, потребно е да платат ‘Graduation Ceremony Fee’во износ од 2,500 денари, што вклучува издавање Диплома, Уверение за положени испити и Додаток на Диплома. Документите ќе можат да се подигнат по 12.10.2021 г., во канцеларија бр. 5 на УАКС.

 

Церемонијата ќе биде спроведена со примена на сите здравствени протоколи за заштита и превенција од Ковид-19. Со оглед на безбедносните протоколи и ограничувањата за организирање настани, на прославата може да присуствуваат само одреден број гости. Со таа цел, Ве известуваме дека пополнувањето на местата ќе биде по принципот на прв дојден – прв услужен. 

 

Студентите кои го имаат пријавено своето учество на церемонијата ќе бидат дополнително известени за деталите на настанот. За сите дополнителни информации околу пријавувањето за учество на церемонијата, Ве молиме контактирајте нѐ на: + 389 (0) 2 2463 156.

Со почит,

Универзитет Американ Колеџ Скопје

 

 

*Напомена:

Наметките, капите и картите за настанот ќе имате можност да ги подигнете во Канцеларијата за вмрежување на УАКС најдоцна до 24.9.2021 година, со приложување потврда за извршена уплата (копија од уплатница). При вршење на уплатата, Ве молиме во целта на дознака да ги внесете следните информации: За учество на церемонија за доделување дипломи 2020/2021, име и презиме, како и ID број. Плаќањето може да се врши и со платежна картичка, во одделот за финансии на УАКС.

 

 

***

 

Dear undergraduates, graduates and doctors,

 

It is an esteemed honor and pleasure to invite you to the official Graduation Ceremony on the occasion of awarding diplomas to the fourteenth generation of students at University American College Skopje.

 

The Diploma awarding event for the academic 2020/2021 will be held on October 2nd, 2021 (Saturday), beginning at 10 a.m., in the open air cafeteria of University American College Skopje “Sreka”. Having in consideration the epidemiologic conditions in the country, the event will be organized under special conditions and restrictions, as well as with a limited number of attendees.

In order to provide as safe organization as possible, we kindly ask you to confirm your attendance no later than September 20th, 2021, at networking@uacs.edu.mk, with your name, surname and ID number, with the mail subject: ‘Graduate Ceremony Attendance for Academic 2020/2021’. In the mail, attach the certificates for vaccination for the student and the guests that will be attending the event (max. 2 guests per student).

 

The students who want to attend the ceremony are obliged to fulfill all of the following conditions no later than September 24th, 2021:

  • To have a complete student file
  • To have passed all undergraduate/graduate/doctoral courses and exams;
  • To have defended their Bachelor’s thesis (for the students of SAD, SCSIT, SFL, SPS);
  • To have defended their Master’s thesis (for students at graduate studies;
  • To have defended Doctoral thesis (for students at doctoral studies);
  • To have submitted all the documents for internship for all academic years in the UACS Career Center
  • To have a GPA of at least 67;
  • To have completed allfinancial arrangements towards the University;
  • To have allbooks returned in the University library;
  • Students who want to attend the Ceremonyneed to cover the ‘Graduation Ceremony Fee’ in the amount of MKD 4,000, which includes issuing a Diploma, an Official Transcript, Diploma Supplement, renting a graduation hat and gown, and three (3) tickets for the event*;
  • Students who do not want to attendCeremony need to cover the ‘Graduation Ceremony Fee’ at the amount of MKD 2,500, which includes issuing a Diploma, an Official Transcript and a Diploma Supplement. These documents can be obtained after October 12th 2021, in Office N. 5 at UACS.

 

The ceremony will be organized under strict implementation of all health protocols for Covid-19 prevention. Having in consideration the safety protocols and event organization limits, the ceremony can be attended by a limited number of guests. Hence, we inform you that the seats are distributed on  first come – first served basis. 

 

The students that have confirmed their attendance at the Ceremony will be additionally given the details of the event. For any further information regarding registration at the event, please contact us at + 389 (0) 2 2463 156.

 

 

Best regards,

University American College Skopje

 

 

*Note:

The gowns, the hats and the tickets for the event can be picked up from the UACS Networking office, no later than September 24th, 2021, with submitting a confirmation of having paid the fee. When bank payment, please include the following information: For attending the graduation ceremony 2020/2021, name and surname, as well as your ID. We would like to inform you that payment can be done in the UACS Finance Department with a debit/credit card.

 

 

Similar Posts