Церемонија  2017 година

На 25-ти септември 2017 година, Универзитет  Американ Колеџ Скопје ја одржа својата  традиционална церемонија за одбележување за почеток на новата 2017/2018 академска година. Церемонијата се одржа во присуство на сите ново-запишани студенти на УАКС,  нивните родители и пријатели, академскиот и административниот кадар на универзитетот, како и претставници на деловната заедница. Новите студенти беа поздравени со говор од страна на г-дин Бенџамин Лингеман – Заменик офицер за односи со јавноста во Амбасадата на САД во РМ, како и г-а Силвиа Табуани – менаџер на програмата за Деловна Администрација и Економија на Универзитетот во Рим Тор Вергата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Церемонија  2016 година

На 14-ти септември 2016 година, Универзитет  Американ Колеџ Скопје ја одржа својата  традиционална церемонија за одбележување за почеток на новата 2016/2017 академска година. Церемонијата се одржа во присуство на сите ново-запишани студенти на УАКС,  нивните родители и пријатели, академскиот и административниот кадар на универзитетот, како и претставници на деловната заедница. Новите студенти беа поздравени со говор од страна на г-дин Шалом Константино – Координатор за образование и младински програми во Амбасадата на САД во РМ, како и г-дин Димитар Ковачевски – директор за маркетинг и продажба во Македонски Телеком.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Церемонија  2015 година

На 16-ти септември 2015 година, Универзитет  Американ Колеџ Скопје ја одржа својата  традиционална церемонија за одбележување за почеток на новата 2015/2016 академска година. Церемонијата се одржа во присуство на сите ново запишани студенти на УАКС , родители и пријатели на учениците, менаџмент консултанти  на Амбасадата на САД во Македонија , министерот  за надворешни работи  г-дин Џери Наумоф и целиот академски и административен тим на УАКС .

 

Opening Ceremony 2015 (19)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Церемонија 2014 година

На 17-ти септември 2014 година, во хотел Александар Палас во Скопје се одржа свеченост по повод почеток на новата академска 2014/2015 година . Сите идни студенти , нивните родители и професори, претставници од бизнис заедницата и дипломатскиот кор во Македонија, присуствуваа на свеченото отворање на УАКС.

Воведното обраќање  го имаше  Мишел Османли , извршниот директор на Американската стопанска комора во Р. Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Церемонија 2013 година

На 18-ти септември 2013 година, се одржа свеченост по повод  почеток на новата академска година 2013/2014 година во хотел Александар Палас Скопје. Идните студенти , нивните родители и професори, претставници од бизнис заедницата и дипломатскиот кор во Македонија, присуствуваа на свеченото отворање на церемонијата на УАКС .

На отворањето својот говор го одржа  г-ѓа А. Валери Колби , директорката  за односи со јавноста во Американсаката амбасада во Скопје.

 

Церемонија 2012 година

На 19-ти септември 2012 година,во хотел Александар Палас во Скопје се одржа церемонија по повод почеток на новата 2012/2013 академска година. Идните студенти , нивните родители и професори, претставници од бизнис заедницата и дипломатскиот кор во Македонија, присуствуваа на свеченото отворање на церемонијата на УАКС.

 

Церемонија 2011 година

На 21 септември 2011 година , се одржа свеченост по повод  започнување на новата академска 2011/2012 година во хотел  Александар Палас во Скопје. Идните студенти , нивните родители и професори, претставници од бизнис заедницата и дипломатскиот кор во Р. Македонија, присуствуваа на свеченото отворање на церемонијата на УАКС .

Својот Говор на отворањето беше од страна на г-дин Стив Паскал,  директор на  Советот за акредитација за бизнис училишта и програми (ACBSP)

Opening Ceremony 2011

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Церемонија 2010 година

Во просториите на хотел Александар Палас во Скопје се одржа церемонија по повод почеток на новата 2010/2011 академска година. Идните студенти , нивните родители и професори, претставници од бизнис заедницата и дипломатскиот кор во Р. Македонија , присуствуваа на церемонијата на УАКС.

Својот говор на отворањето на церемонијата за почеток на новата учебната 2010/2011 година го дадоа проф. д-р Томе Неновски, проректор на УАКС , г-динот Илијанчо Гаговски , претседател на УАКС бизнис советот, и д-р Венко Андоновски.

Opening Ceremony 2010

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Церемонија 2009 година

Церемонијата по повод почеток на новата академска година е настан кој се воведува секоја учебна година. Оваа година церемонијата се одржа во хотел Холидеј Ин во Скопје. Сите ново запишани студенти дадоа заклетва пред проф. д-р Марјан Бојаџиев. Церемонијата по повод  отворањето на академската 2009/2010 година ја започна Љупчо Зиков , директор и главен и одговорен уредник на Капитал  Медиа Гроуп .

_MG_1761

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Церемонија 2008 година


На 2 октомври 2008 година во хотел Холидеј Ин во Скопје се одржа церемонијата по повод почеток на новата академска година. Емил Ѓоргов, главен академски советник им се обрати на сите гости и ја отвори свеченоста. Сите ново запишани студенти положија свечена заклетва пред проф. д-р Злат Миловановиќ.

_MG_1764

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Церемонија 2007 година


Церемонијата по повод свеченото отворање на  академската 2007 година , е настан што се воведува секоја учебна година. Оваа година церемонијата се одржа во хотел  Холидеј Ин , Скопје. Сите ново запишани студенти имаа чест да ја дадат својата заклетва пред  Џилијан Миловановиќ, амбасадор на САД во Република Македонија.