Четврти натпревар по дебата на УАКС
На 4 мај 2017 година, во просториите на Универзитет Американ Колеџ Скопје, во рамки на Дебатниот клуб на УАКС се одржа четвртиот натпревар по дебата на тема: „Дали остварувањето на правото на глас треба да е задолжително?“.
На дебатата учествуваа студенти од прва и втора година додипломски студии од Факултетот за деловна економија и организациони науки (ФДЕИОН) и од Факултетот за правни науки (ФПРН): Марија Којчевска, Елена Дамчевска, Сандра Цакиќ, Моника Јакимова, Марија Дамчевска и Мери Поповска.
Комисијата составена од доц. д-р Елена Бундалеска, вон. проф. д-р Кимо Чавдар, м-р Јованка Јованчевска-Миленкоска го прогласи тимот на студентките Моника Јакимова, Марија Дамчевска и Мери Поповска, прва година на ФДЕИОН, за победници на дебатата.
Студентките ги подготвуваа д-р Јелена Ристиќ и доц. д-р Ивана Трајаноска.