14-та Меѓународна академска конференција „ИНОВИРАЈЌИ ЈА ЕВРОПА”
Денеска, 16 мај, во просториите на Министерство за Надворешни работи на Република Северна Македонија, се одржa 14-та Меѓународна конференција на тема „ИНОВИРАЈЌИ ЈА ЕВРОПА“.

На официјалното отворање на конференцијата се обрати неговата екселенција, господинот Карло Ромео, амбасадор на Република Италија во РС Македонија, а специјален говорник беше проф. д-р Џузепе Новели, ректор на Универзитетот „Тор Вергата“ во Рим. Во име на организаторите се обратија проф. д-р Иван Додовски, декан на Факултетот за политички науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, проф. д-р Лука Гнан, претставник на Универзитетот Тор Вергата и Бети Јачева, Директор на Директорат за Европска Унија.


Конференцијата беше поделена во четири работни сесии во кои учествуваа истакнати професори и експерти, кои ги презентираа своите анализи и истражувања насочени кон преиспитување на концептите на бизнис иновациите, општествените иновации, претприемништвото, пазарот на трудот и иновациите во образовниот процес во Европа и во Европската унија.

На конференцијата присуствуваа и гости од САД, Холандија, Италија, професори и научници, дипломати, амбасадори, како и претставници од државните институции и граѓанскиот сектор. Овој собир претставуваваше одлична можност за размена на идеи меѓу еминентни домашни и странски научници, како и помеѓу пријавените учесници и акредитирани медиуми.

